На 1.500 полицајци не им се исплатени прекувремените часови, обвини денеска Независниот Полициски Синдикат. Претседателот на синдикатот Гоце Делчев изјави дека според нивните информации има бројни станици каде на вработените не им е исплатено за сработената прекувремена работа. Јанев побара од МВР да им исплати на сите полицајци кои оствариле 150 часа, а исплатата да биде по принцип, една просечна плата на ниво на Македонија

Тој додава дека најголем број се од Единицата за Брзо Распоредување, од СВР Скопје, но и од останатите сектори за внатрешни работи и побара поскоро решавање на овој проблем, во спротивно ќе се активираат адвокатите кои работат во рамки на Независниот Полициски Синдикат.