Во Кривичниот суд е најавено рочиште за споениот предмет „Таргет- Тврдина“, кој се однесува за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето.
Во овој предмет се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски.
За „Таргет- Тврдина“ досега беше одржано само едно рочиште, на 22-ри декември. Судијката Ленка Давиткова тогаш го одложи судењето бидејќи, како што кажа, не се исполнети законските претпоставки за одржување на главната расправа.