Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на пратеникот Крсто Мукоски и одлучи да го прифати првостепеното решение на Основниот суд Скопје 1, со кое му беше определена мерка притвор.

Според одлуката на второстепениот суд, Мукоски останува во Истражниот затвор во Шуто Оризари. За жалбите на Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Борис Дамовски сè уште нема одлука.