Денешното закажано продолжение за судењето на случајот „Труст“ се одложи. Причината за тоа е влошената здравствена состојба на второобвинетиот во случајот Василије Авировиќ. Во текот на вчерашниот ден, адвокатката Сања Алексиќ поднела поднесок со кој го информира судот за боледувањето на Авировиќ, поранешен управител во фирмата „Силекс неметали СТ“. Судењето најверојатно ќе продолжи на 23 јануари.
Во „Труст“ во кој првообвинет е Сеад Кочан, осомничените се теретат за дека со фалсификувани документи наместиле тендер за ископ на јаглен во Рек Битола вреден 17 милиони евра. Предметот кој го оформи СЈО се темели на 3 прислужувани разговори, од кој само еден јавно познат, а другите два се необјавени.