Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив и стратегиски партнер и сојузник на НАТО и е неопходно да го добиеме одамна заслуженото членство, потенцирал шефот на државата на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Македонските евроинтеграции, реформите во одбраната и безбедноста и соработката со НАТО, теми на разговорот меѓу претседателот Иванов и генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг.
Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив и стратегиски партнер и сојузник на НАТО и е неопходно да го добиеме одамна заслуженото членство, потенцирал шефот на државата.
Иванов додал дека Македонија преку странските мисии ќе продолжи и натаму активно да придонесува кон обезбедување на глобалниот мир и безбедност.
На средбата разменети мислења и за најновите неконвенционални закани во глобалното безбедносно опкружување и за прилагодувањето на способностите за одбрана, одвраќање и справување со заканите, информираат од Кабинетот на Иванов.