Вицепремиерот Османи не го коментира последниот предлог на Нимиц за името, сѐ додека не биде разгледан и не се изгради заеднички став. Сепак, нагласи дека е добро што има нов предлог.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи не го коментира последниот предлог на Нимиц за името, сѐ додека не биде разгледан и не се изгради заеднички став. Сепак, нагласи дека е добро што има нов предлог.

„Јас знам колку сме посветени и колку сме одлучни да одиме до крај во решавање на ова прашање, познавајќи го контекстот и историскиот моменум пред кој се наоѓаме како држава. Не можам да коментирам за последниот предлог, бидејќит треба да стигне во Скопје. Мислам дека некаде во понеделник ќе имаме заедничка средба за да го разгледаме и да изградиме став по истиот. Добро е што има предлог, добро е што се интензивира целиот процес, добро е што има меѓусебни директни контакти помеѓу владите на различни нивоа. Тоа е единствен предуслов, да стигнеме до ситуација да изнајдеме решение“, изјави вицепремиерот Османи.

На средбата со косовската министерка за евроинтеграции Дурата Хоџа, констатирано-местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ и НАТО.