Група граѓани, меѓу кои и пратеничката Солза Грчева и членови и приврзаници на политичката партија „Левица“ учествува на денешниот протест пред Парламентот кој се случува во пресрет на обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред македонските пратеници.

Грчева и во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи повика на протест против промената на името на Република Македонија.