Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Пред судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења од кои треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Тодоров.
Неговата внука Тамара почина чекајќи операција во странство.