Нашата држава треба да направи компромис со Грција и да прифати во меѓународните односи да го користи единствено своето уставно име – Република Македонија, и на тој начин да овозможи компромис преку кој ќе се направи разлика меѓу името на нашата држава и поширокиот регион „Македонија“ во кој таа се наоѓа, нагласува професорот по меѓународно право Тони Дескоски на својот Фејсбук профил, анализирајќи го коментарот на Ставрос Теодоракис лидер на грчката Либерално-демократската партија „Потами“, пренесе МИА.
Теодоракис на својот Фејсбук профил вчера објави зошто не присуствувал на вчерашниот митинг во Солун појаснувајќи дека 25 години се изгубени одржувајќи воена атмосфера со мала земја која, како што вели, земја која може да и биде верен сојузник на Грција.
– Не присуствувам на митингот затоа што ги презирам сите оние кои градат кариери со популистички ставови и националистички круни. Зошто не гледам многу разлики меѓу „поранешната југословенска Република Македонија” – која сите ја прифативме и Нова или Северна или Горна Македонија. Зошто секој пат кога една држава на Обединетите нации ја признава „Република Македонија”, грчката дипломатија е ослабена. Затоа што не сакам соседната земја да се распадне – сакам да го спречам „муслиманскиот подарок н на турската мајка” и „Големата Албанија” – посочува Теодоракис на Фејсбук.
Тој вели дека не го поддржал протестот затоа што носителите на препораките од земјите од 1992 година „да не се брза со решавање на името”, ја признаа „Република Македонија“. Според него, Солун е главен град на Балканот, а не фобичната провинција Атина. Теодроакис вели дека ова јавно го кажува затоа што не научил да се крие и дека тоа го очекува од другите политичари.