Повторно одложен почетокот на судењето на Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Се чека вештачењето за психичката состојба на дедото на починатата Тамара. Инцидентот се случи на први јуни, мината година пред Министерството за здравство на денот на примопредавањето на функцијата министер. Стојановски е во притвор.

Скопска Апелација ја прифати жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриското вештачење на дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, кој се обиде да го убие екс- министерот Никола Тодоров.

Неговата адвокатка рече дека останува на приговорот дека психичката состојба на обвинетиот ја вештачеле лекари со истечени лиценци. Сега судот до наредното рочиште треба да обезбеди од Министерството за правда одговор дали лиценците на двајцата вештаци се нови или продолжени.

Процесот почна од почеток поради промени во судечкиот совет. Стојановски е обвинет за убиство во обид. На 1-ви јуни минатата година со пиштол кој нелегално го поседувал, испукал еден проектил кон тогашниот министер пред влезот на зградата на министерството каде што требаше да изврши примопредавање на функцијата.

Беше е уапсен на самото место. Судија на претходна постапка му определи мерка притвор. Неговата внука Тамара почина од деформации на ’рбетот и не ја дочека операцијата во странство.