Новинарите работат во небезбедни услови. Ова е заклучокот од извештајот на Здружението на новинарите на Македонија за состојбата на медиумите и безбедноста на новинарите во земјава. Во извештајот се регистрирани 18 напади врз новинари во текот на минатата година, од кои 13 биле физички напади.
Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, 90% од овие напади биле извршени од партијата која во тоа време беше на власт. ЗНМ исто така во извештајот наведува дека во 2017 година новинарите се соочиле и со економски лоши услови, мали и нередовни плати и имале притисоци од некои од сопствениците на медиуми за да влијаат на начинот како да пишуваат со цел да се штитат големите рекламирачи во медиумите.