На денешната 49-та седница на Владата на РМ беше разгледана и усвоена информацијата за напредокот на спроведување на процесот на изработка на Стратегискиот одбранбен преглед 2018 (СОП 2018). Владата го задолжи Министерството за одбрана да продолжи со втората етапа на процесот за изработка на СОП 2018, како и да работи на натамошниот развој на предлог текстот на Стратегијата за одбрана, согласно планираната динамика.
Владата исто така ја разгледа и информацијата за тековните и планираните активности на Националниот Комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и ги утврди роковите за изработување на националните стратегии и акциски планови за спречување на екстремниот радикализам и за борба против тероризмот.