Судењето за предметот „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште е одложено за 5 март поради отсуство на докази од предметот кои биле на разгледување во друг суд, на еден од обвинетите и двајца адвокати.
Ова е прво судење за „Шпион“ на новоименуваниот судија во предметот Владимир Туфеѓиќ.
Во „Шпион“ меѓу обвинетите 18 лица се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање Александар Диневски.