Одложени се средбите меѓу претставници на парламентарните партии кои требаа да се одржат во рамките на процесот „Жан Моне“ во близина на Париз на 25 и 26 јануари.
Претседателот на Собранието Талат Џафери за државната Агенција МИА изјави дека средбите биле одложени за март, во договор со европратениците кои ја организираа средбата на власта и опозицијата во куќата на Жан Моне. со цел обновување на соработката меѓу власта и опозицијата по организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година.
Причина за одложувањето било средбите да не се доведеле во контекст на преговорите за решение за спорот со името со Грција.