Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски го повтори владиниот став дека Законот е во согласност со Уставот на државата и дека е изгласан во демократска атмосфера, со поддршка од мнозинството пратеници.
Законот за употреба на јазиците откако повторно ќе биде изгласан во Собранието ќе оди на мислење во Венецијанската комисија, по што добиените забелешки ќе бидат вградени во законот.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски го повтори владиниот став дека Законот е во согласност со Уставот на државата и дека е изгласан во демократска атмосфера, со поддршка од мнозинството пратеници.
Бошњаковски уште еднаш ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието за да учествуваат во амандманската расправа на третото читање на законот која е закажана за понеделник.
Законот за употреба на јазиците беше донесен со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ на 15-ти јануари, во отсуство на опозијата. Претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпиша указот за негово прогласување туку го врати назад во Собранието со забелешки на текстот на законот.
Законот повторно ќе биде ставен на гласање пред пратениците, в понеделник на 29-ти јануари.