На сцената на Светскиот економски форум денеска стапуваат европските лидери, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Два дена подоцна на учесниците ќе им се обрати американскиот претседател Доналд Трамп.

Економското опоравување на Европа е една од главните причини поради кои напредува глобалната економија, а Макрон, кој првпат учествува во Давос, и Меркел, ќе говорат за тоа како континентот ја надминал повеќегодишната криза.