Во собраниската Комисија за политички систем минаа измените во Законот за пратеници во прво читање, со кој се предлага да се намалат средствата за патни трошоци за народните избраници. Се предвидува- 46 пратеници наместо 30, да добиваат 20 насто надоместок.

Владата побарала информација од Министерствата за сите трошоци кои ги правеле владините служби по основ на патни и дневни трошоци и за тоа ќе ја извести јавноста на посебна прес-конференција. Во меѓувреме во Комисијата за политички систем поминаа измените во прва фаза на Законот за пратеници. Главната цел според парламентарното мнозинство е да се заштеди во буџетот и да се намалат злоупотребите на парите за патни трошоци.

Велат дека се предлага надоместокот од 30 проценти од продажната цена на литар гориво, според изминат километар, пратениците да добиваат 20 проценти за истата намена.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека потребно намалување на трошоците, но според партијата е непринципиелно што во исто време се предлагаат поголем број потпретседатели на Собранието.

За патни трошоци од државниот буџет за период од четири години биле издвоени пет милиони евра.