Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ извршуваат градежни активности за поставување заштитни столпчиња на тротоарите на булеварот „Свети Климент Охридски“, на потегот од крстосницата со улица „Свети Кирил и Методиј“ до крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“.

Акцијата се спроведува по налог на градските власти и е во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможување непречено движење на пешаците.

Како што информира Град Скопје, досега се завршени градежните работи од едната страна на булеварот, пред Европскиот факултет, каде што се поставени 126 заштитни столпчиња. Во моментов се извршуваат градежни работи од другата страна на булеварот, каде треба да се постават дваесетина столпчиња.

Во рамки на оваа акција столпчиња беа поставени и по должината на улицата „Димитрија Чуповски“, пред Министерството за правда, како и по должината на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред објектот на поранешна „Нова Македонија“. Во оваа акција изминативе два месеца досега се поставени околу 300 заштитни столпчиња.