По долготрајната средба на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, излегоа со прес конференција во која ги сумираа впечатоците од нивниот прв официјален состанок.

Меѓудругото премиерот на македонската влада Зоран Заев истакна дека Владата ќе предложи преименување на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“ како и преименување на аеродромот кој исто така го носи името на Александар Велики. За името на аеродромот премиерот не кажа како ќе се преименува, но најверојатно ќе го носи името на првиот Македонски Претседател по осамостојувањето, Киро Глигоров.