Европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн на крајот на февруари ќе допатуваат во Македонија за да се договори новиот датум за средбите во рамките на процесот „Жан Моне“. Засега нема одговор од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе учествуваат на средбата, вели Вајгл во интервју за МИА.

Оценува дека политичката ситуација во Македонија по конституирањето на Парламентот и на Владата е во нагорна линија. Според известителот за Македонија во Европарламентот, она што недостига е конструктивна соработка на сите партии застапени во Парламентот.

Смета дека бојкотот не е инструмент што би бил прифатлив за демократските држави. Би било оправдано да се очекува Македонија, чија Влада презеде чекори за решавање на спорот со името со Грција и исто така паралелно работи на посочените реформи, како што вели Вајгл, годинава да добие одлука за почеток на преговорите.

Според најавите, средбата би се одржала во март во Париз.