Извештајот од Министерството за правда за АКМИС-системот за распределување на предмети во Кривичниот, Врховниот и Апелацискиот суд Скопје пред извесно време е пристигнат во Јавното обвинителство на Република Македонија и по него се постапува, потврдија од Обвинителството.
Проверката на АКМИС системот беше вршена од Комисија составена од Министерството за правда, со која претседаваше судијата и универзитетски професор, Лазар Нанев.
Извештајот за АКМИС системот е означен со степен на доверливост.
Проверката на АКМИС системот во Кривичен, Врховен и Апелацискиот суд Скопје следуваше откако во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем, кој ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отворање на предметот до негова распределба кај судија.