Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април минатата година година во Собранието на Република Македонија.

Надлежниот обвинител побара од судот за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за Игор Дурловски мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор.

За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.