Владата ги повлече измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства, во прво читање, што се однесуваа на паралелен узвоз на лекови.

Владата со допис ги извести членовите на собраниската Комисија за здравство дека го повлекуваат законот.

Претседателката на Комисијата за здравство, Мирсаде Емини Асани, кажа дека во дописот испратен до нив нема наведено причина зошто се повлекува Предлог-законот.

– Неколку минути пред почетокот на седницата добивме допис од Владата на Република Македонија дека Предлог-законот го повлекува – изјави Емини Асани.