Финската Влада најави дека ќе поднесе барање до Европската унија да се укине летното сметање на времето, откако 70.000 фински граѓани тоа го побараа преку петиција.

Финската министерка за транспорт и комуникации Ен Бернер изјави дека цел на барањето е летното сметање на времето да се укине ширум ЕУ.

Според иницијаторите на барањето, промената во сметањето на времето предизвикува нарушување на сонот, намалување на ефикасноста на работа, а може да предизвика и здравствени проблеми.

Од друга страна, Финците велат дека на северот на Европа не се чувствуваат речиси никакви придобивки од промената на времето.