Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го разреши поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски од Комисијата за помилување, потврдија од Кабинетот на Иванов.

На негово место е назначен обвинителот Воислав Гавровски.

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен весник на РМ.