Американската Администрација денеска ги прошири санкциите кон Русија, воведени по руската анексија на Крим и избувнувањето на конфликтот во источна Украина, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Одделот за контрола на странскиот капитал на американското Министерство за финансии објава дополнителна листа на лица и компании ком кои се однесуваат санкциите на САД.

На списокот се додадени 21 лице, главно државјани на Русија и Украина и 20 компании од двете земји. На листата е додадена и една компанија од Полска.

Од лицата на проширениот список на највисоки позиции се рускиот заменик министер за енергетика Андреј Черезов и директорот на Одделот за оперативна контрола и менаџмент во индустријата за електрична енергија при Министерството за енергетика на Русија, Евгениј Грабчак.

На листата се најдоа и 12 компании-ќерки на нафтено-енергетска корпорација „Сургутњефтгаз“, која е под санкции од 2014 година, како „Силовие машини“, која заедно со уште неколку компании и лица се под санкции нивната вклученост во набавката на гасни турбини од германската фирма „Сименс“, што беа инсталирани во електрични станици и топлани на Крим.

- Денешните активности се дел од постојаната решеност на Министерството за финансии на САД да се продолжи притисокот со санкции врз Русија се до целосна имплементација на обврските од договорите од Минск, се наведува во соопштението.