Оценката и впечатокот на генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, по средбата со Алексис Ципрас е дека во овој момент не постои веројатност за решение, а претпоставката на Куцубас е дека ни грчкиот премиер не знае што ќе прави неговиот коалиционен партнер во владата во однос на спорот со името.

На прашањето дали по средбата со грчкиот премиер, има чувство дека спорот со името се движи кон решение, Димитрис Куцибас, кусо одговара: „Мислам дека не постои таква можност во овој момент“.

Генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција на Алексис Ципрас, му ги пренел позициите на Комунистичката партија, а и за нив, иредентизмот е поважен проблем од името.

- Го изразивме ставот на Комунистичката партија на Грција, кој е цврст, доследен и во согласност со принципите кои ги регулираат меѓународните односи и интересите на грчкиот народ и народите од регионот и светот, дека било кое име, не е само крштевање на соседна Република, ниту, пак, тоа е главниот проблем во овој момент. Главните прашања се иредентизмот, не менувањето на границите и менувањето на границите што секогаш ќе бидат обоени со крвта на народите – вели Куцубас и додава дека не е предвидена непосредна промена на Уставот, промена на се она што води до националистички и иредентистички аспирации и секако создаваат проблеми со неприфатливи барања од нашата земја и од другите народи.

Генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција рече дека и по брифингот кој бил задоцнет, дека е подобро доцна отколку никогаш, останува големата загриженост за случувањата во соседните земји и политиката на ЕУ и НАТО.