Средбата Заев Ципрас во Давос, посетата на Нимиц на Скопје и Атина, но пред се внатрешно политичките несогласувања во Грција околу позициите во разговорите за името се главните теми во грчките медиуми, како во неделните изданија на грчките весници и во вестите и информативните емисии на радијата и телевизиите, така и во онлајн изданијата на медиумите и порталите.
Грчките новинари, јавува дописникот на МИА од Атина, во изминатите 24 часа акцентот го ставаат на вчерашните активности на грчкиот премиер и средбите со лидерите на политичките партии, а го споменуваат и координативниот состанок во Скопје.
„ПЈРМ се движи кон заедничка позиција за името“; „Лидерска во Скопје за името“;
„Заев вели дека е оптимист по 6 часовниот состанок“; „Заев ги информираше партиите во ПЈРМ“ се само дел од насловите во електронските изданија на грчките медиуми за вчерашниот координативен состанок кај нас.
АПЕ
Грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ, во текстот под наслов „Оптимизам од Заев дека може да се постигне национален консензус во ПЈРМ за името“, ги пренесува изјавите на учесниците во состанокот.
Дел од грчките медиуми коментираат дека средбата во Скопје се поклопи со активностите на грчкиот премиер.
иефемирида
– Во ист ден кога Алексис Ципрас, одделно се среќаваше со политичките лидери, во Скопје, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров информираа за предлозите што ги презентираше специјалниот посредник од ОН, Метју Нимиц во Њујорк, но и за средбата со Алексис Ципрас во Давос. ndash; пишува информативниот портал „Iefimerida“.
Ефимерида грција
– Во моментите кога завршуваа средбите на грчкиот премиер со политичките лидери за рамката за решавање на „македонското прашање“, започна состанокот на премиерот на ПЈРМ со политичкото раководство на неговата земја за случувањата во истото прашање. ndash; пишува онлајн изданието на весникот „Ефимерида тон синтактон“.
Во однос на активностите во Атина на грчкиот премиер, во медиумите во Грција, јавува дописникот на МИА од Атина, коментарите се дека Ципрас не успеал да создаде поширок национален консензус, но дека е решен да продолжи со разговорите кон постигнување на заемно прифатливо решение.
Прашањето за името, во изминатиот период во Грција, од прашање во надворешната политика се претвори во внатрешно политички проблем и главна тема за препукувања и обвинувања меѓу власта и опозициските партии.
Насловните страници на неделните изданија на весниците во Грција, повторно како централна тема ги имаат случувањата на релација Македонија ndash; Грција, но и на грчката политичка сцена.
Real news
Real news, пишува дека „Нова Македонија“ е името што го преферира Атина, а го отфрла „Македонија Скопје“. Весникот објавува дека претседателот на Независни Грци, останува на неговата позиција, да не биде вклучен терминот „Македонија“ во името, извори блиски до лидерката на Демократската коалиција,Фофи Генимата, коментирале дека Панос Каменос, не може да остане на неговата позиција министер за одбрана, додека пак лидерот на партијата Река, според Real news, ќе го поддржи договорот во грчкиот парламент.
Катимерини
На насловната страница на неделното издание на „Катимерини“, најавени се интервјуата на Али Ахмети и Метју Нимиц, а во централниот текст под наслов „Скопското прашање создава политички биг банг “ се прави анализа на внатрешно политичката сцена во Грција.
То Вима
„Македонска“ треска е насловот на централната тема во весникот „То вима“ и исто како и „Катимерини“ анализата е во насока на реакциите што во Грција ги предизвикуваат случувањата во прашањето за името.
АВГИ весник
-Владите во Скопје и Атина имаат добра волја да создадат клима на доверба, наспроти националистичките гласови и од двете страни на границата. Во следниот период во преговорите потребна е трезвеност и сериозност од сите одговорни политички сили, за да не се изгуби уште една шанса како жртва на партиските интереси, пишува на насловната страница на весникот „Авги“, што важи за гласник на СИРИЗА, во текстот под наслов „Прогресивна струја за изнаоѓање решение“. Во анализата, се цитира изјава на солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис кој вели дека само Ципрас може да го реши проблемот со името.
Прото тема
„Скопска криенка …Ципрас со Заев, политичките лидери и партнерот Каменос“ пишува „Прото тема“ на насловната страница и коментира дека „владата подготвува мерки за градење доверба со Скопјаните кои не го менуваат нивниот Устав, а Нимиц доаѓа со нови предлози“.