Панос Каменос, министерот за одбрана на Грција и претседател на Независни Грци, коалиционен партнер во грчката влада, ги демантираше сценаријата објавени во грчките медиуми дека доколку во парламентот дојде до гласање за договор за сложено име со терминот Македонија, тој ќе ја напушти владата.

– Не постои таква вест, жал ми е, кусо коментираше Каменос, пред почетокот на состанокот на парламентарната група и на извршниот комитет на Независни Грци.