Производителот на огнено оружје Калашников почна со сериско производство на унапредена верзија на пушката АК-12.
- Испораките од првата серија за руските сили е планирана до крајот на годината, изјави Сергеј Чемезов, директор на Ростек корпорацијата.
Тој додааде дека пред крајот на оваа година ќе ја извршат првата испорака.
- Сите анализи се завршени и почнуваме со сериско производство. До крајот на годината ќе ја испорачаме потребната количина нарачана од руското Министерство за одбрана, изјави Чемезов.