Русија драстично го зголеми купувањето на злато, со што ги соборува светските рекорди и денес претставува најголем светски купувач и трет по големина произведувач на злато.

Таа политика има за цел да ја заштити руската економија во случај на кризна ситуација, но и од санкции. Минатата година руските банки купиле 205.155 тони злато што е за 4,7 отсто повеќе отколку во 2016 година, а што е околу 67 отсто од вкупното злато произведено во Русија.

Во споредба со 2013 година тоа е зголемено за 13 отсто. Најголемите купувачи се водечките банки со државен капитал ВТБ банка, Сбербанка и Гаспромбанка. ВТБ купила 63,9 тони. Таа од првото место ја потисна Сбербанката која испазарила 43 тони злато, а Гаспром банката купила 38,1 тон.