Градоначалниците на Скопје и на Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис, денеска ќе имаат средба во грчката престолнина.
Во пресрет на состанокот двајцата градоначалници објавија заедничка колумна во која повикаа на зближување на двата града и на затворање на отворените прашања меѓу Македонија и Грција.
Не смееме да дозволиме националистичките гласови во двете страни да ги искористат овие чувства во обидот да го загрозат конечниот договор и повторно да ја утврдат нашата судбина и нашата заедничка иднина, не само како соседи, туку и како европски граѓани, нагласуваат Шилегов и Каминис.