Воениот сојуз, поддржан од сирискиот претседател Башар ал Асад, денеска соопшти дека отсега натаму Израел ќе добие „одлучен и сериозен“ одговор на својот „тероризам“.
Во соопштението се наведува дека израелското тврдење за дрон, кој навлегол во израелското воздушно пространство, е „лага“, додавајќи дека Израел нападнал база на дронови во централниот дел на Сирија.
Дроновите изутринава полетале од базата Т4 со цел да извршат рутински операции против групата Исламска држава во сириската пустина, се додава во соопштението.
- Кога базата беше нападната, нашите дронови се уште летаа над гратчето Сохна кон пустината - тврди сириската страна.
Сохна е гратче североисточно од Палмира, во централниот дел на Сирија.