Расправијата на двајца Босанци во австрискиот град Леоберсдорф, завршила демолирање на автомобил од марката „Бе-ем-ве“. Човекот кој го снимал овој настан е и учесник во расправијата.

Мажот со капата некое време им одолева на провокациите, а потоа го отвора багажникот, вади лопата и го уништува автомобилот.

Не е јасно дали тука станува збор за одмазда, расправа или обложување, но едно е очигледно: штетата на автомобилот е таква што ќе бидат потребни многу пари за поправка.

Снимката се појавила на Фејсбук и за 20 часа ја погледнале повеќе од 200.000 луѓе.


Администратор
11/02/2018 01:34