Европската централна банка ги одредува каматните стапки соодветно со условите во регионот посебно во еврозоната...

Нема место за страв од нова финансиска криза по падот на главните светски берзи, уверуваше Беноа Кере од Европската Централна банка на меѓународната конференција за монетарна политика, што се одржува во Скопје. Тој посочи дека Европската централна банка ги одредува каматните стапки соодветно со условите во регионот посебно во еврозоната.

Тие се различни од оние во САД и сакаме да се осигураме дека имаме соодветни финансиски услови во еврозоната кои се соодветни на економската ситуација. Имаме јасни политики во однос на деловниот циклус што се случува во еврозоната, за разлика од Америка и нема да ги покачиме каматните стапки пред следниот циклус, што значи дека тие ќе останат на истото ниво, нагласи Кере одговарајќи на новинарско прашање.

Според гувернерот Богов, Народна банка соодветно одговорила на шоковите од последната финансиска криза.