Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, свечено ги додели наградите и пофалниците на најдобрите дипломирани студенти во учебната 2015-2016-та година. Беа доделени и наградите „26 јули“ од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите, како и наградите од фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.

Студирајќи на најстариот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, сигурни сме дека во себе го имаме почетокот на вистинскиот потенцијал што ќе го развиваме и надградуваме на секоја понудена можност, рече Моника Стојанова, една од најдобрите дипломирани на УКИМ. Вели, амбицијата и упорноста се нашето најмоќно оружје за остварување нови цели и минување преку трнливите патеки низ науката.

Наградите на дипломираните студенти им ги врачи ректорот Никола Јанкуловски. Истакна дека негувајќи ја седумдецениската традиција, со овој свечен чин им се оддава должно признание на најдобрите.

Беа врачени и наградите „26 јули“ и наградите од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ од Машинскиот факултет.