Германскиот дипломат Волфганг Ишингер, организаторот на Минхенската безбедносна конференција смета дека светот е близу границата после која може да почне опасен меѓународен конфликт.
– Се надевам дека Минхен може да придонесе за почеток на некаков разговор одново и тоа не само меѓу Москва и Вашингтон, како и меѓу Москва и другите светски значајни држави. Мислам на пример на Украина и други црвени точки во светот, изјави Ишингер.
Тој изјави дека се уште ја нема загубено надежта, но дека доколку реално се гледа светот изгледа многу лошо во однос на глобалната стабилност.
Оваа година делегацијата на САД ја предводи министерот за одбрана Џејмс Матис. Присутни се британската премиерка Тереза Меј, премиерите на Израел, Бенјамин Нетанјаху и на Ирак, Хајдер ал Абади, претседателот на Украина, како и министрите за надворешни работи а Русија, Иран и на Турција.