Блискоисточните земји треба да ги остават настрана меѓусебните разлики и да создадат безбедносен сојуз по примерот на Европската унија, за да го извлечат регионот од работ на бездната, изјави денеска катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани.
Тој побара од меѓународната заедница да продолжи со дипломатскиот притисок врз земјите кои треба да го формираат таквиот сојуз.
- Верувам дека е време за поширока регионална безбедност на Блискиот исток. Време е сите земји од регионот да го заборават минатото, вклучувајќи е и нас, да се согласат на основни безбедносни принципи и правила на владеење, како и на минимално ниво безбедност што овозможува мир и просперитет - изјави шеикот Тамим на безбедносната конференција во Минхен.
- Тоа не би требало да биде само сон. Многу нешта се во ризик. Блискиот исток е на работ на бездната. Време е да се врати назад - истакна тој.