Северна Кореја претставува закана за сите членки на НАТО, предупреди од говорницата на Конференцијата за безбедност во Минхен генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
- Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и ракетнии програми кои претставуваат закана за сите нас. Сите сојузници сега се во полето на пострел на севернокорејските ракети, истакна тој.
- Пјонгјанг е поблиску до Минхен, отколку до Вашингтон, додаде Столтенберг и повика на максимален притисок врз Северна Кореја за да се откаже таа од својата нуклеарна програма.
Според него, тоа може да се постигне со користење политички и дипломатски средства, но и преку ефикасни економски санкции.
Генералниот секретар рече дека за ова прашање Русија и Кина имаат посебна одговорност како членки на Советот за безбедност на ОН и непосредни соседи на Северна Кореја.