Претседателот на ДУИ Али Ахмети вели дека што се однесува до него Законот за јазици веќе е усвоен и покрај ветото на претседателот Ѓорге Иванов.

- Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена - рече Ахмети на свечена академија по повод десетгодишнината од независноста на Косово оддржана денеска во Скопје.

Законот за јазиците во трето читање се врати во Собранието, откако претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише и со низа забелешки го врати до пратениците. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот поднесе над 35.000 амандмани.