Повеќе од 40.000 историски артефакти и културни добра полицијата заплени во заедничка акција која се одвиваше шируm светот, а станува збор, меѓудругото, за пари, слики, цртежи, музички инструменти.

Во соопштението на Европол се наведува дека тоа била прва светски координирана акција од ваков тип и наречена е „Атина“, а акциите се одвиваа од октомври до декември 2017 година во 81 држава.

Покренати се 200 истраги, а уапсени се 53 лица, се наведува во соопштението.

– Имајќи ја предвид глабалната природа на овa злосторство, единиците за координација на акцијата работеа 24 часа седум дена во неделата, со цел да разменат информации, правовремено алармирале и проверувале податоци во меѓународни и национални бази на податоци, пишува во соопштението на Европол.

Истовремено, со следење на неколку илјади веб-страници запленети се повеќе од 6.000 артефакти и покренати се 63 истраги.