Заменик-премиерот и министер за инфраструктура Барнаби Џојс поднесе оставка поради обвиненија дека сексуално вознемирувал жена.
Џојс соопшти дека си заминува од функцијата заменик-премиер, но нема да поднесе оставка во парламентот.
Минатата недела премиерот на Австралија, Малколм Турнбул донесе одлука со која се забрануваат сексуални односи меѓу министрите и вработените во кабинетите, по скандалот со Џојс кој ја потресе неговата влада.