Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, стави под санкции повеќе од 50 бродови на поморски и трговски компании од Северна Кореја во најновиот обид да го зголеми притисокот врз земјата поради нејзината нуклеарна програма, објави Асошиејтед прес.
Трамп рекол дека ова е најголем пакет санкции воведени досега кон Северна Кореја. Санкциите се насочени кон приходите од гориво и трговија.
Објавата доаѓа во моменти кога Јужна Кореја е домаќин на Зимските олимписки игри и постои прилика двете Кореи тоа да го искористат како шанса да ги обноват преговорите, објави АП.