Во текот на мај годинава се очекува САД да ја отворат својата Амбасада во Ерусалим, соопшти денеска неименуван претставник на американската Администрација.
Американскиот претседател Доналд Трамп лани во декември објави дека САД го признаваат Ерисалим за главен град на Израел и не го одлижи стапувањето во сила на Законот за ерусалимската амбасада.
Со овој Закон, што го усвои Конгресот на САД во 1995 година, се бара од американската Администрација да ја премести американската Амбасадата од Тел Авив во „главниот град на Државата Израел“, Ерусалим.
Законот е обврзувачки, но има клаузула која им овозможува на претседателите на САД да ја одложат неговата примена за половина година. Како и сите негови претходниците, и Трамп ја активираше таа клауза лани во јуни и ја одложи одлуката за преселување на Амбасадата за шест месеци, но во декември не ја повтори таа пракса.
Како што јави МИА, одлуката на Трамп предизвика гневни реакции, пред се во арапските и муслиманските земји, а повеќе американски официјални претставници во обид да ги смират тензиите најавуваа дека за преселување на Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим ќе бидат поребни неколку години.