Нема никакви пречки, ниту пак причини Православните цркви да не ја признаат автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископја, пишува во својата анализа за македонското црковно прашање во „Крисис Магазин“.

Нема никакви пречки, ниту пак причини Православните цркви да не ја признаат автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископја, пишува во својата анализа за македонското црковно прашање во „Крисис Магазин“, американската професорка по црковна историја Инес Мурзаку.

Во анализата Мурзаку појаснува дека историски, автокефалијата е сложена материја во животот на Источните Цркви и дека прашањето на доделувањето и признавањето на автокефалноста од мајките Цркви постојано предизвикува црковни проблеми во Православието, од четвртиот век до денес.

Состојбата со Македонската Црква и петдецениското чекање за признавање на нејзината автокефалија го повредува единството на Црквата – Мистичното Тело Христово. - Македонија, нејзината Црква и нејзините силно обидените луѓе треба да се третираат со почит и достоинство што тие го заслужуваат како полноправни членови на православното и европското семејство, се вели во анализата на Мурзаку.

Според статистичките податоци, Македонската православна црква има 2.000 активни цркви и манастири и повеќе од сто монаси и монахињи кои работат во Македонија и во странство.