Советот за безбедност на ОН едногласно ја одобри резолуцијата, со која се бара 30-дневен прекин на огнот на целата територија на Сирија, со цел доставување на хуманитарна помош и евакуација на болни и повредени лице.

Со усвоениот текст „се бара од сите страни веднаш да ги прекинат воените дејствија во Сирија во период од најмалку 30 денови“, откако во текот на изминатата недела при воздушни удари во Источна Гита загинаа над 500 лица.

Целта е да се обезбеди можност за доставување на хуманитарна помош на населението, како и за евакуирање на болните и повредените.

Со резолуцијата е побарано и да се запре опсадата во Источна Гута, Јармук, Фуја и Кефраја, регионите во кои е забележана алармантна криза.

Нацрт-резолуцијата за примирјето ја предложија Шведска и Кувајт.