Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Женева изјави дека САД одлучиле да задржат значителен број на ракети, што е во спротивност на Договорот за нуклеарно вооружување.

Лавров на Конференцијата за разоружување истакна дека САД ги обучуваат европските вооружени сили како да го користат тактичкото нуклеарно оружје против Русија.

- На сите треба да им биде јасно дека американската армија ги подготвува европските држави да го користат тактичкото оружје против Русија, наведе Лавров.

Тој додаде дека Русија е против секоја нова иницијатива предложена како замена на функцијата на Советот за безбедност на ОН и на Организацијата за забрана на хемиско оружје.