Германската канцеларка Ангела Меркел и честиташе на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на „јасниот резултат“ откако големо мнозинство од членството на СПД гласаше за коалициска влада со нејзините конзервативци.

- И честитам на СПД на овој јасен резултат и се радувам на продолжувањето на заедничката соработка за доброто на нашата држава, напиша Меркел на Твитерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Се очекува идната недела на седница во Бундестагот, Меркел четвртипат да биде избрана за канцеларка на Германија.

За коалицијата помеѓу СПД и ЦДУ гласаа 66 отсто од 460.000 социјалдемократи.

Техничкиот претседател на СПД, Олаф Шулц изјави дека партијата во новата влада ќе има шест министри - три жени и торојца мажи.

Шулц за резултатите од гласањето по пошта ги информира Меркел и претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер