Германската војска планира од април да ја прошири својата мисија во Ирак и да почне со обука на локалните вооружени сили и пружање логистичка поддршка на Багдад, објави денеска германската телевизија А Ер Де.
Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен и министерот за надворешни работи Зигмар Габриел постигнале согласност по тоа прашање.
Се очекува в среда Владата да гласа за проширување на мисијата во Ирак.
Претходно, германските војници извршуваа задачи само во Ирачки Курдистан, каде ги обучуваат курдските борци „Пешмерга“, кои се бореа против терористичката организација „Исламска држава“.