Порно глумицата Сторми Даниелс поднесе тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, со која бара да се поништи договорот кој го потпишала неколку дена пред претседателските избори во 2016 година. Таа вели дека договорот не е во ред затоа што ја спречил да зборува за наводните сексуални средби со Трамп.

Таа тврди дека почнала да има „интимни односи“ со Трамп во 2006 и во 2007 година, а се среќавале во Невада и Калифорнија. Според неа, Трамп и платил 130 илјади долари за договор за молчење.